(ВИДЕО) Јаневиќ: Нема да дозволиме предлог законот за медицински канабис да биде маркетиншки циркус

 Интегрален текст од прес конференцијата на Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП

 

Филип ЈаневиќЛиберално-демократската партија изразува задоволство што по неколкумесечен притисок од јавноста, Министерството за здравсто попушти и најави дека ќе достави предлог-закон кој ќе има за цел да ја регулира употребата на канабисот во медицински цели. Сакаме да потсетиме дека ЛДП е првата политичка партија која ги започна дискусиите на оваа тема уште во далечната 2007-ма, а истата ја интензивиравме со самиот почеток на 2015-та.

ЛДП иако во опозиција, заедно со граѓаните, невладините организации и ЛИДЕМ успеа да ја наметне идејата за легализација на марихуаната во медицински цели. Либерално-демократската партија уште еднаш покажа дека не постојат големи и мали партии, туку само големи и мали идеи. Целосно сме свесни дека ДПМНЕ го предлага овој закон од популистички побуди, евидентно е дека власта ретерира по голем број на прашања, па ветува се’ и сешто на бројни целни групи, но од април идната годнина ЛДП силно ќе се заложи да имаме справедлив и квалитетен закон од кој најмногу бенефит ќе имаат нашите сограѓани на кои им е потребен овој лек.

Останува нејасно како Влада, која во изминатите години себе си се декларира како десно ориентирана, демо-христијанска и конзервативна, токму сега одлучи да предложи закон кој се коси со сите идеолошки одредби кои ги застапува ДПМНЕ. ЛДП останува партија која и понатаму ќе се бори за унапредување и ослободување на нашето општество од наметнатите конзервативни стеги од страна на ДПМНЕ и воедно ќе продолжиме да промовираме либерални решенија кои ќе го олеснат животот на граѓаните на Р. Македонија . Овој предлог закон е мала победа за граѓаните и либералната идеја во Македонија.

Во неколку наврати, изминатите месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидува да украде проекти и да изгласа закони кои од нивна страна не беа прифатиливи цели 10 години, а сега преку ноќ тие стануваат големи поборници на нови закони, свесни дека ја губат подршката од граѓаните.

ЛДП нема да дозволи овој предлог закон да се претвори во предизборен маркетиншки цуркус, затоа што голем број на наши сограѓани имаат потреба од квалитетен закон кој ќе има за цел да го подобри нивното здравје.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...