Јаневиќ: Се покажа оправдано барањето на ЛДП за поставување на мерна станица во Куманово

15224748_1401391213234703_897794353_oСе покажа како оправдано и повеќе од потребно, континуираното барање на ЛДП за поставување на мерна станица во Куманово. Благодарение на тоа, нашите сограѓани сега имаат можност на лесен и достапен начин да го видат квалитетот односно неквалитетот на воздухот кој секојдневно го вдишуваат.

Почитувани сограѓани, резултатите од мерната станица се застршувачки. Од анализа на податоците од мерната станица може да се види дека со исклучок на вчерашниот ден во изминатиот месец квалитетот на воздухот во текот на денот е далеку од задоволително ниво, додека пак загадувањето на воздухот алармантно се зголемува во вечерните часови. Она што посебно загрижува е огромното надминување на дозволената количина на ПМ 10 честичките во воздухот кои што се најопсани за здравјето на луѓето и истите се канцерогени. Веќе подолго од една недела воздухот во Куманово, посебно во вечерните часови е изложен на висока концетрација од ПМ 10 честичките. Се покажаа реални стравувањата на ЛДП дека Куманово не е имуно на општото загадување на воздухот во Македонија. Ова се мерењата кои покажуваат енормна загаденост на воздухот посебно во иминатите 15тина дена.

15233721_1401420349898456_1094375633_oЗагадувањето во вечерните часови носи до заклучок дека на загадувањето во Куманово најмногу влијае користењето на дрвја и други одпадни и токсични материјали како средство за загревање во голем број на домаќинства. На индиректен начин тоа ја покажува и лошата економска состојба на кумановските семејства.

Податоците на Светска банка укажуваат дека во Македонија годишно умираат 1400 луѓе како последица на загадениот воздух, а Македонија е еден од најзагадените земји во Европа. Она што е важно да се изведе како заклучок е тоа дека ни се потребни системски и долгорочни решенија за справување со ваков еколошки проблем кој силно влијае на квалитетот на животот во една урбана средина.

За таа цел ЛДП како дел од идната влада ќе превземе низа системски мерки за подобрување на амбиеталниот воздух.

Дел од тие мерки се:

-Парите наместо во непродуктивни трошкови како споменици, врби и панорамски тркала ќе се пренасочат кон воспоставување на самоодржлива и квалитетна животна средина.

Поконкретно тоа значи

-oсновање на целосно независен еколошки фонд, во кој ќе се слеваат средства од еколошките такси.

-Донесување на закон за зеленило кој ќе спречи масовна деградација на зелените површини и стопирање еколошки неодржлива градба  и итно прекинување на масовната анти еколошка и нехумана градба

-Системско справување со одпадот односно стимулирање на рециклирање на одпадни материјали и елиминација на еколошки опасности од одпадот, што ќе донесе и економски бенефите преку отварање на нови т.н зелени работни места.

– Државни инвестиции во производство на енергија од обновливи извори, особено на ветровита и сончевата енергија и субвенции за приватни инвестиции во оваа сфера;

– Итна забрана на увоз на стари возила кои се под ЕУРО 5 стандард и строга контрола на исполнување на  еколошките стандарди при увозот нови возила;

– Стимулација на користење на електрични возила, и возила на природен гас и ослободување од ДДВ и од царински давачки, како  и изградба на соодветна инфраструктура која ќе ги опслужува  овие возила;

-инвестиции во современи уреди за пречистување на воздухот;

Почитувани, преку можноста за согледување на податоците од мерната станица во реално време, како ЛДП, искрено се надеваме дека ќе се подигне свеста кај сите нас кои живееме во овој град, за значењето и важноста од потребата од чиста и здрава животна средина како и од потребата за системски приод кон решавање на овој проблем.

 

 

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛИДЕМ: Благодарение на децениските погрешни политики, Скопје e втор најзагаден град во светот!

Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија ...