Јаневиќ: Како ВМРО-ДПМНЕ стана најбогатата партија во една од најсиромашните земји во Европа?

Интегрален текст од прес конференцијата на портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ

filip-janevicОчајните се обидите на поранешниот премиер преку најава со задоцнети проекти да го отргне вниманието на јавноста од сомнителните активности на неговата партија.

Имено,партијата на Груевски веќе една недела молчи како ДПМНЕ успеа да стане најбогата партија во една од најсиромошните држави во Европа.

ВМРО ДПМНЕ цела недела нема одговор на наводите изнесени од Центарот за истражувачко новинарство Скуп, како ДПМНЕ се стекна со својот партиски имот од 2006 година до денеска.

За таа цел јавно ги поставуваме прашањата:

Дали е точно дека имотот на ДПМНЕ вреди 60 милони евра, што ја прави партијата најбогата на европскиот континент, дури побогата и од CDU партијата на Ангела Меркел, чиј партиски имот се проценува на 50 милони евра?

Дали е точно дека ДПМНЕ поседува 33.000 метри квадратни во објекти, пасишта и земјоделско земјиште.

Дали е точно дека новото партиско седиште на ДПМНЕ се проценува на 40 милони евра?

Дали е точно дека во 2015 година во партијата ВМРО ДПМНЕ се пријавени само 2 лица како вработени? Дали останатите вработени се на платниот список на јавните претпријатија или државната администрација а се дел од армијата вработени кои земаат плата а седат дома или вршат само партиски задачи?

Почитувани, би сакале да добиеме и одговор на прашањето колку вредат сликите со позлатени рамки, некои од нив и по 30 квадратни метри, направени во соцреалистички стил, каде лидерот на партијата е претставен како национално богатство.

ВМРО ДПМНЕ должи одговор на овие прашања, посебно во овој период кога високи сегашни и поранешни функционери од редовите на оваа партија се под сомнение од СЈО за сторени тешки кривични дела.

ЛДП смета дека дека не може партија која има огромен имот за кој не може да му го објасни потеклото да биде иземена од можноста за кривично гонење како правно лице.

На 11 декември доаѓа крајот на едно криминално и алчно работење и крајот на еден криминоген систем кој се воспостави во последните 10 години во Македонија. Граѓаните ја имаат причитано оваа структура на ДПМНЕ и на 11 Декември истите ќе ја казнат. По 11 Декември сите што имаат направено криминал треба да одговараат и конечно во Македонија да се врати владеење на правото и праведноста.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...