Јаневиќ: Наместо иднина, ВМРО-ДПМНЕ ја погреба Република Македонија

Интегрален текст од прес конференција на портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ

 

%d1%84%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%bf-%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%b8%d1%9cСе ближиме кон крајот на политичката кампања и не можеме а да не ги забележиме се поголемите лаги кои доаѓаат од ДПМНЕ во вид на предизборни ветувања за наводна посветла и поубава иднина.

Во нивнатa програма која реално е збирштина на лаги напишани на 500 страни веќе никој не верува. Најупотребуваниот збор во нивната кампања и програма е зборот ЌЕ. После 10 години поминати на власт допрва тие ЌЕ ја оправаат и Македонија и Куманово.

Меѓутоа да се подсетиме на изминатите програмите на ДПМНЕ посебно во делот за Куманово.

Во нивната програма од 2006та преродба во 100 чекори на страна 44 пишува дека ќе изградат  пруга на релација Куманово-Деве Баир. После 10 години истото го препишале во новата програма а граѓаните сеуште пруга кон Бугарија не видоа.

Во програмата од 2008 на ДПМНЕ на страна 182 пишува дека “Во периодот 2008-2012 година ќе бидат изградени или ќе се започне со изградба на неколку базени

со олимписки стандарди во сите или некои од следните општини: Скопје (Аеродром), Куманово, Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид, Тетово и Гостивар. Рок 2012”

Уште една лага. Јавно ги прашувам функционерите на ДПМНЕ, каде во Куманово е тој базен што го вети ДПМНЕ во нивната програма уште во 2008 година, а требаше да биде завршен до 2012та.

Во програмата од 2011 ДПМНЕ ветува автопатско поврзување со Крива Паланка, а на страна 74 ветуваат електронска наплата на патерините. Сведоци сме дека наместо тоа добивме поскапување на патарините а електронска наплата и автопат кон Крива Паланка сеуште не видовме.

Дека и самите се заборавиле во сопствените лаги говори и фактот што во нивната најнова програма на страна 341 стои дека ќе изградат спортска сала за средното економско училиште Перо Наков, иако тоа училиште веќе има спортска сала и тоа изградена со општински пари.

Ова покажува и потврдува дека програмата на ДПМНЕ е збирштина од сите претходни нереализирани проекти за кои имаа 10 години власт да ги спроведат.

ДПМНЕ во последните 10 години имаше шанса од Македонија да направи пристојно место за живеење. Во неколку наврати добиваа апсолутно мнозинство во парламентот а добиените мандати наместо за просперитет на сите граѓани ги  искористија само за лично и партиско богатење. После 10 години на власт  ДПМНЕ е најбогата партија во Европа, во земја со најсиромашни граѓани. Нивниот имот се проценува на 60 милони евра, а имотот на ЦДУ на Ангела Меркел на 50 милони евра.

На 11 Декември имаме реална и историска шанса да го победиме овој криминоген начин на водење на државата. Македонија нема иднина со Груевски. Наместо да донесе преродба, ДПМНЕ стана гробар на оваа земја. На 11 декември со вашата подршка за здружената опозиција даваме шанса за една одговорна и чесна власт, даваме шанса за вистинска и суштинска промена на системот.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Проф. Владо Димовски, Претседателот на Советот за образование на ЛДП, гостин во Топ Тема на Телма телевизија

Проф. Владо Димовски, Претседателот на Советот за образование на ЛДП, гостин во Топ Тема на ...