Нови директори во битолските јавни претпријатија

Денес Градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска ги именува Александар Касапов за ВД Директор на ЈП “Пазари” од Битола и Менде Силјановски за ВД Директор на КЈП “Нискоградба” од Битола.

Александар Касапов е претседател на општинската организација на ЛДП од Битола и поранешен советник во Советот на Општина Битола, со што веќе подолг период ја следи работата на ова Јавно претпријатие.

Менде Силјановски е дип. градежен инженер. Член е на Централниот одбор на ЛДП и долги години вработен во КЈП “Нискоградба” на позицијата раководител на припрема, со големи познавања од проблематиката на фирмата.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Либерално демократска младина: Целосна поддршка на сите лица слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност

По повод 17 мај, меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија Либерално демократската младина дава ...