Генералниот секретар на Либералната интернационала (ЛИ), Емил Кирјас во посета на Тајланд

Македонија се врати во семејството на либералните демократии со последните избори.

Очекуваме следен да биде Тајланд, се согласија на средбата во Бангкок, поранешниот министер за надворешни работи на Тајланд, Касит Пиромја и генералниот секретар на Либералната интернационала, Емил Кирјас.

“Нашите политики се водени од определбата за демократско владеење засновано на политички програми кои ќе добијат поддршка од граѓаните, согласно нивното убедување, а не засновано на купување на гласови, манипулирање преку медиуми или измислени статистики”, рече во разговорите поранешниот премиер на Тајланд, Абисит Веџаџива, објаснувајќи детали од владеењето на поранешниот премиер, Таксин кој при евентуално враќање во земјата го очекува затворска казна за корупција.

“Иако географски оддалечени Македонија и Тајланд споделуваат заеднички стремежи и политички определби за отворено општество, а очигледно и имаат заеднички негативни искуства за споделување”, се дел од заклучоците на средбата Кирјас – Виџеџива.

“Ако нешто направи ирационалниот спор со името на Република Македонија тоа е зближување на Македонија и Тајланд, кои во смешниот азбучен распоред на Обединетите нации седат една до друга”, рече на шега поранешниот министер Пиромја, кој воедно е и поранешен амбасадор на Тајланд во ОН, притоа најавувајќи интерес за скорешна посета на Република Македонија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...