“Купената стока не се враќа” Мора да замине во историјата!

ZoranShapuric_1000-2xtlrk04r5a4nylq1ce4u8 Професоре, да направиме споредба помеѓу заштита на правата на потрошувачите во ЕУ и во Македонија, каде сме слични во тој поглед, а каде се најголемите разлики?

 

Заштитата на правата на потрошувачите во Европската унија е утврдено како едно од најважните вредности на ЕУ. Во основните, односно најважните правни акти на ЕУ, во Спогодбата за ЕУ и Спогодбата за функционирање на ЕУ, е потенцирана цврстата поврзаност  на заштита на правата на потрошувачите со заштитата на здравјето, со безбедноста и со економските интереси на граѓаните на ЕУ. Правата на потрошувачите се битен столб на единствениот пазар на ЕУ. Регулативата на ЕУ во оваа област е мошне динамична и постојано се унапредува , со цел да се подобри високата заштита на правата а потрошувачите на единствениот европски пазар.

Македонија, како земја со статус на кандидат за полноправно членство за Европската унија, меѓу другото , има обврска да примени правото на ЕУ и во оваа област. Донесен е Законот за заштита на потрошувачите во 2004, кој е дополнуван во неколку наврати, донесен и Законот за надзор на пазарот, неколку пати е дополнуван Законот за трговија, и донесени се низа други посебни закони како што е Законот за безбедност на производите. Во делот на примена европската регулатива, иако сеуште има потреба за унапрдување на законодавството во оваа област, состојбата постепено се подобрува.

 

  • А, колку во Македонија реално се практикува европската регулатива во областа на заштита на потрошувачите?

 

Проблемите настануваат токму со практичната имплементација на законите. Во извештаите на Европската комисија за напредокот на земјуава, во последните три години, во поглавјето број 28 (заштита на потрошувачи и здравствена заштита), се констатира одреден напредок во оваа сфера. Притоа, помеѓу другото се наведува, дека ефикасното спроведување на регултивата и на политиките на потрошувачите е ограничено со континуиран недостаток на административни и финансиски ресурси. Се констатира и одреден напредок на невладиниот сектор. Притоа, би потенцирал дека е добро што во последните неколку години се зголемува бројот на судски пресуди со кои се заштитуваат правата на потрошувачите, како и зголемувањето на активностите на Народниот правобранител, во последните години , во насока на заштита на овие права. Притоа, што граѓаните посптепено стануваат свесни дека нивното потрошувачко право е едно од најважните права.

 

  • Кои се облиците на нечесно пазарно однесување регулирани во нашето законодавство?

 

Во нашето законодавство, се предвидени повеќе примери на нечесно пазарно однесување. Како нечесно пазарно однесување е утврдено однесување кое е спротивно на професионално однесување (кое се’ уште е доста широко постваено), однесување кое значително го нарушува однесување на просечниот потрошувач за одредени производи и услуги, пазарно однесување кое е измамничко поради тоа што содржи лажни информации и поради тоа е невистинито или пак, е веројатно дека ќе придонесе за однесувањето на потрошувачите, кое не би било такво во друг случај, давање на невистини податоци за карактеристиките на прозиводите и услугите, злоупотреба на симболите на производите, неточни податоци за цената и/или начинот за пресметување на цената, за положбата и идентитет за трговците и на нивните застапници, неисполнување на декларирани обврски, злоупотреба на трговски називи маркетинг и реклама кој ги доведува потрошувачите во заблуда, неточни податоци за сервисирање, итн.

 

  • Кои се пак најчестите случаи на такво однесување што ги покажува домашната пракса?

 

Во праксата овие случаи се често застапени и постојат бројни примери на реакции на потрошувачите поради нивното доведување во заблуда од низа причини, како што се реакции поради несоодветни сервиси на производи, несоодветно снабдување со резервни делови (најмлаку пет години од продажбата и најмалку две години пред истекот на гарантниот рок), реакции на доведување во заблуда поради нејаснотии во објавување на цената на производите и услугите, реакциите во поглед на туристичките аранжмани, откажување на авионски летови, реакции во поглед на мабалажата и несоодветно постапување со амбалажата и отпадот на амбалажата, скриени и нетранспарентни трошоци при вршење банкарски услуги, услугите на монополски субјекти, како и бројни други примери.

 

  • Кога ги споменавте монополите, што мислите за нивното однесување напсроти правата на потрошувачите во Македонија?

 

Во наведените извештаи на Европската комисија за напредокот на Македонија, јасно е потенцирано дека постојат бројни реакции и постојано зголемување на поплаки на потрошувачите во погелд на т.н услуги на монополите. Инаку, жалбите треба да се упатуваат во Државниот пазарен инспектоат, до Народниот правобранител, како и од организациите на потрошувачите и тисе се препчавени од реакциите на граѓаните. Се разбира, ако сето ова не даде резултат, останува поведување на судски постапки. Но, ова покажува и дека треба уште многу да се работи на унапредување на правата на потрошувачите и на приближување кон стандардите на ЕУ.

 

  • Може ли да  посочите некој поеклатантен пример на заштита на потрошувачките права во ЕУ, што кај нас се уште е незамислив?

 

Постојат многу вакви примери во ЕУ, како поеклатантни се, да речеме, прецизната регулатива со мошне детални услови за јасно обележување на стоката чиј рок за употреба е пред истек; обврски за детално декларирање на карактеристиките на храната,како на пример,обврската за калоричните и многуте други својства на храната, обврски за јасно декларирање на датумот кога одредени прехрамбени производи како на пример, месото е замрзнато, кога се пакувани итн; мошне стриктни и прецизни обврски за јасно дефинирање на трошоци и спречување и на најмала можност за појава на скриени трошоци и т.н. скриена цена; големата транспарентност во креирање на политиките и на регулативата во областа на правата на потрошувачите во ЕУ, интензивната соработка помеѓу државните органи, потрошувачите и бизнис секторот.

 

  • Потрошувачите често се жалат на трговците кога овие организираат попусти и распродажби, односно на бројните непрецизности при обележување на старите и новите цени, реалниот попуст и сл. Кои се законските обврски на трговците, а какви се правата на потрошувачите?

 

Постојат законски обврски за постапување на трговците при распродажбата, иако се разбира, сосема друго прашање е колку тие во праксата се остваруваат. Во оваа смисла се законските обврски на трговците за јасно и целосно физичко одвојување на производите кои се предмет на распродажбата од останатите производи, јасни и детални услови за обележувањате на производите кои се предмет на распродажба. Доколку е ставена на распродажба стоката со некоја грешка, оштетување или друг недостаток, тоа мора јасно да се обележи и означи, како и објаснување во што се состои грешката, наведување на ‘’нова’’ и ‘’стара’’ цена и реален процент на намалување на цената, за секој одделен производ и услуга или категорија на производ или услуга. Како претходна, односно стара цена се смета цената која трговецот ја применувал 30 дена пред рекламирање на распродажбата. Ова се само најважни обрски но, постојат како и низа други обврски во случај на распродажба. Се разбира познато е дека овие обврски често не се почитуваат, но тука треба да делуваат пред се  надлежните инспекторати.

 

  • До кога во Македонија ќе имаме соопштенија во трговските објекти од типот ‘’купена стока не се враќа’’ и сл.? На Запад можете во определен период да вратите купен производ без да објаснувате зошто, како и дури и да ви ги вратат парите, а не само да замените со друг производ. Кај нас тоа е незамисливо.  Зошто?

 

 

Постојат и кај нас  законски одредби во врска на правото на поврат на стока и на правото на поврат на парите, но притоа мора да се нагласи дека овие одредби се недоволно прецизирани и во иднина мора да се унапредат.  Во Европската унија, тоа е прецизно регулирано и за стоката купена и во случај на купопродажба со диектен контакт меѓу трговецот и потрошувачот и во случај на купопродажба  од дистанца, како што е на пример, купопродажбата преку интернет, телефон и слично. Во ЕУ е недозволива праксата што кај нас е честа, да се ставаат написи од типот ‘’купената стока не се враќа’’ и сл. Кај нас тоа мора да се смени, а пак ќе повторам дека и инспекциските органи мора да бидат поактивни. Во САД, правото на поврат на производите и на парите во случај на враќање на производите е апсолутно, а од друга страна пак, многу трговци во своето работење одат и многу повисоко од утврдените минимални законски одредби и дозволуваат право на поврат на производите и враќање напарите, дури и без наведување на било каква причина од страна на купувачите, во рок од  30, 60 дена, па и подолго.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Филип Јаневиќ: Победници и губитници

Избор: kumanovonews.com _________________________________________ Помина и тој фамозен 11 декември. По првото делење, да видиме што ...