Кузевска: Екстерното тестирање, траума за образованието

CaptureВласта предводена од ВМРО – ДПМНЕ со своите проекти односно експерименти го доведе образованието пред колапс и тоа како од квалитативен, така и од финансиски аспект.

Еден од тие проекти, односно експерименти, е и екстерното тестирање за учениците, наставниците и професорите. Резултатот од овој експеримент е траума и стрес за учениците и родителите, стрес и казни за наставниците и професорите.

Екстерното тестирање не донесе подобар квалитет во образованието, туку напротив донесе незадоволство кај учениците, родителите, наставниците и професорите. Тоа незадоволство пак доведе до формирање на средношколски, родителски и професорски пленуми. Сите овие пленуми, преку разни форми на дејствување вклучително и протестни маршеви, бараат укинување на екстерното тестирање. Овие протестни маршеви се организираат и покрај големите притисоци  што им се вршат на членовите на пленумите.

ЛДП ја повикува власта предводена од ВМРО – ДПМНЕ да  престани да им се заканува на  учениците, наставниците и професорите и да им дозволи слободно да си го искажат своето мислење, затоа што сите закани упатени кон нив можат да бидат регистрирани и за тоа некој може и  да одговара.

Многу пати сме кажале, а денес ќе повториме, ЛДП презема обврска пред родителите, учениците, наставниците и професорите, после победата на опозицијата на следните парламентарни избори, ќе го укине екстерното тестирање.

 

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...