ЛДП: Сѐ уште имаме обврска кон граѓаните од поплавените подрачја во околината на Скопје

Граѓаните од Скопје и околината кои настрадаа во ланските поплави не треба да бидат заборавени ниту од институциите, ниту од хуманите граѓани. За жал, дури и по девет месеци од водената стихија, добар дел од нив се оставени сами да се снаоѓаат и да си ги решаваат проблемите и последиците од уништените домови.

Членови на Градската организација на Либерално-демократската партија, заедно со пратеничката Јулијана Николова, по повод велигденските празници посетија семејства зафатени од поплавите од селото Стајковци.

ЛДП преку посетата сака да ги потсети надлежните институции, кои се сѐ уште раководени од техничката влада, дека имаат законска и морална обврска за помош во овие подрачја и засегнатите граѓани не смеат да бидат оставени без поддршка.

Во таа насока ЛДП, им додели мала помош на дел од семејствата кои беа зафатени со поплавите, со пријателска и искрена надеж за подобрување на условите за живот.

Ние знаеме дека на овие наши сограѓани им е потребна помош и поддршка за да го вратат својот живот на нормалниот колосек. Затоа хуманоста мора да се изразува секојдневно.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател ...