ЛДП бара оставка од битолскиот градоначалник и извинување за битолчани

Интегрален текст од прес-конференцијата на Претседателот на ЛДП Битола, Александар Касапов

*********************************************

Почитувани,

ЛДП и опозицијата денес ќе дадат еден совет и ќе испратат неколку барања до аболицираното лице Владимир Талески и Вмро – Дпмне.

ЛДП и опозицијата бараат:

  1. Талески да си поднеси оставка со цел да се релексира состојбата во Битола, но и да не влијае од позиција на градоначалник на новите постапки кои СЈО ги најави против него ….. и
  2. Вмро – Дпмне да им се извини на битолчани што го кандидираа и го подржуваат Талески 11 години и истовремено да застанат на страната на битолчани, се разбира доколку и тие како партија не се соучесници во аболицираниот криминал од 360 000 евра, и да го подддржат барањето на битолчани за оставка на Талески.

За крај сакаме да му дадаме и еден совет на аболицираното лице Талески. Да не биди нервозен како што беше на последните две негови прес-конференции затоа што ако се однесува така и во иднина и плус ако во предвид се земи и неговата изјава дека размислува да побара и четврти мандат од битолчани, тогаш со него ќе треба да се занимава не само Специјалното Јавно Обвинителство, туку и некоја друга специјална институција, а таму аболиција не помага.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ, во посета на овластените архитекти и инжинери

На покана на претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Миле ...