ЛДП: Веќе 5 години премиерот Груевски е ‘глув’ на барањето за бесплатен студентски превоз

LDP-660x330Премиерот во заминување, Никола Груевски, од 1-ви јануари, 2016-та година, најави бесплатен превоз во јавниот градски автобуски сообраќај во Скопје, како и во другите градови каде што има организиран јавен превоз, за сите редовни студенти на државните универзитети.

Сакаме да ја искористиме оваа прилика и да ја потсетиме јавноста дека Либерално-демократската партија во повеќе наврати, почнувајќи од 2010-та година, поведуваше инцијатива за воведување на бесплатен јавен превоз во градскиот сообраќај во Скопје за сите редовни студенти во Скопје. Меѓутоа, во четири наврати владеачкото советничко мнозинство во Советот на град Скопје, предводено од ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Коце Трајановски, упорно ја одбиваа оваа иницијатива. Акцијата, преку прес-конференции и настани,  во повеќе наврати ја покренуваше и подмладокот на ЛДП.

Оттука, ги прашуваме Груевски и ВМРО ДПМНЕ, зошто упорно тој и неговите сопартијци досега го игнорираа и одбиваа овој предлог, а сега, предизборно го пласираат во јавноста како свој. Воедно, бараме појаснување од надлежните за тоа зошто оваа одлука се однесува само за редовните студенти на државните универзитети, а не и за нивните колеги од приватните универзитети, доведувајќи ги студентите од приватните универзитети во нерамоправна положба.

Притоа, сакаме да напоменеме дека јавниот градски превоз е во надлежност на градот Скопје и на единиците на локалната самоуправа, а не на Владата. Со ваквата постапка, Владата свесно врши одземање на надлежностите и ингеренциите на општините.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...