ЛДП Битола: Пред Јанева да почне истрага, Талески да си поднесе оставка

kasap_taleskiСпецијалниот  јавен обвинител, Катица Јанева, пред една недела доби податоци за 35 предмети од Јавното обвинителство. Меѓу тие предмети беше и кривичната пријава за злоупотреба на службената положба и овластување поднесена против лицата В.Т и С.Б од Општина Битола.

Како што стоеше во информацијата од специјалното јавно обвинителство, своевремено од Општина Битола беше земена документација од страна на полицијата, а исто така за овој предмет беа побарани и одредени податоци од Управата за јавни приходи и од битолскиот Катастар.

Вчера специјалниот  јавен обвинител Катица Јанева побара пет предмети од Јавното обвинителство меѓу кои и предметот што се однесува на лицата В.Т и С.Б со што таа тропна на вратата од Општина Битола.

Ова зборува дека во Општина Битола и официјално ќе има истрага за лицата В.Т и С.Б од страна на специјалното јавно обвинителство.

Со цел да се овозможи непречена истрага во општина Битола ЛДП бара градоначалникот на Битола Владимир Талески веднаш да си поднесе неотповиклива оставка.

Видео од прес-конференцијата:

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Колумна на потпретседателот на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ за porta3.mk: На патот кон еколошка држава

Почетокот на шесеттите години од минатиот век е обележан со јакнење на свеста за потребите ...