ЛДП Битола: Спортот во Битола е во очајна состојба.

Прес-конференција на Претседателот на Лидем-Битола, Целе Јолевски за очајната состојба во која се наоѓа битолскиот спорт.

“Почитувани,
ЛДП, после две и пол години од третиот мандат на градоначалникот и Вмро-Дпмне или вкупно десет и пол години од нивното владеење, сака да ја потсети битолската јавност, за пустошот кој владее во битолскиот спорт и битолската спортска инфраструктура, а за кој пустош главен и одговорен виновник е лицето кое потроши за десет години 250 милиони евра, а ништо не успеа да направи за битолскиот спорт.
Ветуваше еден милион евра годишно за спорт, македонски Лудогорец во Битола, дека Битола ќе биди град на спортот, затворен базен, ветуваше ски центри, жичарници, стадион за 12.000 гледачи, реновирана спортска сала и никој повеќе не може да памети што се не е ветувано
Битолскиот спорт го има допрено дното и сеуште пропаѓа, ама упорно ни се продава приказната дека ќе биде добро и дека само што не ни тргнало. Наместо европски просек, ние сега сме на македонското дно.
Битола е светлосни години зад Скопје, ама сега пред нас е и Тетово, Куманово, Гевгелија , Радовиш, Охрид,Прилеп, Струмица.
Битолската реалност е дека фудбалот ни е второлигашки, ракомет и оваа година ќе играме во плеј-аут, одбојката живурка, кошарка второлигашка и без амбиции.
За ,,Малите“ спортови во Битола веќе никој и не зборува затоа што тие се мртви . Одамна немаме атлетика, бокс, борење, шаховскиот клуб е без свои простории. Битола полека исчезна од спортската карта на Македонија.
ЛДП ќе побара во буџетот за наредната година двојно да се зголеми ставката за спорт и за развој на спортската инфраструктура, а преку своите советници во Советот на Општина Битола ќе побараме Советот да донеси Заклучок со кој ќе побара од Владата на РМ., во наредниот буџет да определи 2,5 милиони евра за почеток на изградба на фудбалски стадион во Битола”

Видео од прес-конференцијата можете да проследите на следниот линк:

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Груевски и Петровска на средба со занаетчиите во Битола

Денес, кандидатот за градоначалник на Битола, Наташа Петровска заедно со носителот на советничката листа Валентин ...