Средба ЛДП – ALDE CoR

На маргините на состанокот на Заедничкиот Консултативен Комитет (Joint Consultative Committee – JCC), кој Комитетот на Регионите (Committee of the Regions – CoR) го одржа денес во хотелот Александар Палас во Скопје, беше остварена средба на делегација од Либерално-демократската партија со претставници од делегацијата на Комитетот на Регионите од редовите на Европските Либерал-демократи (ALDE CoR).

Комитетот на Регионите (Committee of the Regions – CoR) е основан во 1994 година и претставува собрание на регионални и локални претставници од земјите членки на ЕУ.

На средбата присуствуваа Зоран Шапуриќ (Потпретседал на ЛДП и член на Советот на Град Скопје) и Владимир Кироски (Секретар за меѓународна соработка на ЛДП и член на Советот на Општина Карпош), додека пак од страната на Заедничкиот Консултативен Комитет присуствуваа Јасна Габриќ (Градоначалник на Општина Трбовље, Република Словенија) и Раит Пихелгас (Градоначалник на Општина Амбла, Естонија), кој воедно е назначен и за известувач на Комитетот на Регионите за Република Македонија.

Учесниците на средбата разговараа за повеќе актуелни теми поврзани со напредокот и проблемите со кои се соочуваат Локалните Самоуправи во РМ во делот на имплементацијата на потребните реформи, а во рамките на процесот на легислативно усогласување со соодветните Директиви на ЕУ. Фокусот беше ставен на потребата од сериозен пристап и забрзано темпо во процесот на децентрализација, со особен акцент во делот на фискалната децентрализација, а се со цел час поскоро да се овозможи поголема финансиска (фискална) независност, со што општините воедно ќе се здобијат и со позначително ослободување од политичките влијанија и зависноста од централната власт.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Issue n°35 – 11 October 2017

   11/10/2017 Dutch parties reach coalition agreement More than 6 months after the Dutch parliamentary ...