ЛДП: Срамен однос на Груевски кон премиерот на Република Македонија

Emil_DimitrievЛиберално-демократската партија изразува длабока загриженост поради големиот број на човечки жртви и причинетата материјална штета од невремето кое ја зафати Македонија и искрено сочувствува со семејствата на загинатите граѓани.

Скопските општински организации и членовите на ЛДП активно се вклучени во сите граѓански хуманитарни акции кои се случуваат за помош на населението зафатено од поплавите.

Истовремено, ЛДП е разочарана од односот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кон институциите кои се формирани согласно Уставот на Република Македонија. Особено неприфатливо е понижувањето и деградирањето кое се случи вчера кон Претседателот на Владата на Република Македонија, кон министрите и кон присутните градоначалници од страна на претседател на една политичка партија.

Никола Груевски мора еднаш да сфати дека веќе не е Премиер и никогаш повеќе нема да биде. Срамниот однос не е само понижување на личноста на Емил Димитриев, туку и директно девалвирање на институцијата Премиер на Република Македонија.

Сцените од синоќешната теренска посета беа уште еден доказ за нефункционалноста на целокупниот институционален систем, кој наместо дејствува согласно законите, чека телефонски наредби од страна на Груевски.

LDP-660x330

Погрешното и штетно трошење на буџетски средства во изминатиот период за крајно непродуктивни цели, се покажа кобно и за тоа некој мора да сноси политичка одговорност.

Покрај оваа одговорност, очекуваме неотповикливи оставки да поднесат директорот на УХМР, Оливер Ромевски, кој сериозно потфрли во предупредување до граѓаните за можноста од силни напливи на дожд, како и од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, за неоодветно и неспремно справување со поплавите кои, за жал, однесоа човечки жртви.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛИДЕМ: Благодарение на децениските погрешни политики, Скопје e втор најзагаден град во светот!

Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија ...