Либерално демократската партија ги поддржаа барањата на НВО секторот за подобра социјална држава и економија

Барањата од граѓанскиот сектор за унапредување на состојбите во областа на економијата и социјална држава ,потпишаа денеска претставниците на повеќе политички партии, со што се обврзуваат доколку дојдат на власт на 11 декември да ги прифатат и помогнат во нивно имплементирање.

Потписници на барањата се Зоран Заев од СДСМ и Коалицијата За живот во Македонија, Зоран Шапуриќ од ЛДП, Лилјана Попоска од ДОМ, Стојанче Ангелов од Достоинство и Коалицијата ВМРО За Македонија, Димитар Апасиев од Левица, и Драгана Букилица од Демократски сојуз и Коалицијата За промени и правда. Потпишаните барања се формирани преку инклузивен пристап од граѓански организации и индивидуии во рамки на проектот „Градење на социјална кохезија од темел-нагоре: Денот потоа“, во организацијата на фондацијата „Фридрих Еберт“.

Потпретсeдателот на ЛДП, проф. д-р Зоран Шапуриќ помеѓу другото, истакна дека ЛДП како дел од Коалицијата „За живот во Македонија“ активно учествуваше утврдувањето на програмата на коалицијата. Притоа, тој изнесе одредени делови од програмските приоритети на ЛДП, како што се: поддршка за мали и средни претпријатија, укинување на парафискални давачки и намалување на казните и на репресивната компонента на инспекцискиот надзор и јакнењење на превентивата при овој надзор , изедначување на домашните со странски инвеститор и државна поддршка за зелени бизниси и за проекти од бласта на енеретска ефикасност. За ЛДП економските приоритети се компатибилни со мерки за остварување на подобра социјална политика и справување со сиромаштијата.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Директорот на ДЗИ Станкоски заедно со Министерот Николовски на средба со винарските визби

Директорот на државниот земјоделскиот инспекторат Јане Станкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...