ЛДП: ЈАВНИОТ ДОЛГ ДОСТИГНУВА АЛАРМАНТНИ РАЗМЕРИ

javendolg2016Либерално демократската партија веќе четри години постојано укажува на негативнот тренд на зголемување на јавниот долг, поради нерационалното и расипничко однесување на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ. За жал овој тренд во изминатите четири години рапидно се зголемуваше  и денес достигна рекордни  4 милијарди и 760 милиони евра и за прв пат го надминува 50 % од бруто домашниот производ, односно  изнесува алармантни  50.6 % од националниот БДП.

Залудни беа обидите на власта да ја прикажат Македонија,  најпрвин како ниско задолжена држава, а потоа и како средно задолжена држава , преку споредби со многу поголеми и поразвиени држави во светот. Сите предвидувања укажуваат дека тенденцијата за зголемување на  јавниот долг и  понатаму ќе расте како последица од се поголемо задолжување на државата кое изнесува  фрапантни 2 милиони дневно. Најтрагично е  тоа што средствата од ова задолжување се насочуваат кон непродуктивни проекти и покривање на се поголемите буџетски дупки. Буџетот е во мошне лоша состојба, пензискиот фонд е пред колапс,  така да е сосоема  јасно дека не само што е загрозена  иднината, туку и сегашнаноста.  Јавниот долг по глава на жител денес изнесува 2274 евра по жител, а само за илустрација во 2010 тој изнесуваше 957 евра. Во оваа година државата издвојува само за исплата по основ на камати на задолжувања околу 110 милиони евра, а во 2010 за камати се издвојуваше 52 милиони евра годишно,

По промените што ќе се случат по 11 декември, владата во која ќе учествува и ЛДП, наместо досегашни инвестирања  во непрдуктивни проекти,  ќе ги насочува буџетските средтва  во развој на транспортната инфраструктура, инвестиции во енргетиката воопшто и во обновлива енергија, поттикнување на извозот и  поттикнување на воведување на нови технологии, целосно изедначување на домашните и странски инвеститори и развој на микро и средните претпријатија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...