ЛДП Куманово: Активности за одбележување на роденденот на ЛДП

ОО на ЛДП-Куманово на 18.04.2018 година, во партиската просторија, со пригоден коктел го одбележа 21-от роденден на партијата.

Пред многубројните присутни членови на партијата, пред симпатизерите и гостите, со пригодни говори се обратија Потпретседателот на партијата, г-динот Игор Вељаноски и Претседателот на ОО на ЛДП, г-динот Ивица Костовски, по што ја пресекоа и роденденската торта. Покрај Потпретседателот на партијата, на прославата присуствуваше и Помошникот-министерт за внатрешни работи, г-динот Марјан Здравковски, како и државниот секретар во Министерството за економиј, г-динот Зоран Павловски.

Во рамките на одбележувањето на 21 година од формирањето на партијата, ОО на ЛДП на 20.04.2018 г. во Заводот за трансфузиологија при Општа болница – Куманово ја организираше и традиционалната крводарителска акција.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...