ЛДП Куманово: Активности за одбележување на роденденот на Либерално демократската партија

Во рамките на одбележувањето на 21 година од формирањето на ЛДП, ОО на ЛДП – Куманово, во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“-Куманово, засади 21 садница на просторот пред супермаркетот „ТУШ“.

Во текот на спроведувањето на оваа еколошка акција, претседателот на ОО на ЛДП, Ивица Костовски даде изјава за медиумите.

„Денешната акција за озеленување на Куманово се вклопува во нашата програма, а тоа е чиста и здрава животна средина за сите граѓани. Засадивме 21 дрвце на оваа локација, во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“  – изјави претседателот Ивица Костовски.
„ За Велигден однесовеме велигденски јајца и слатки на дечињата со попреченост во дневниот центар „Порака наша“. Во наредните денови ќе ја организираме и традиционалната крводарителска акција, а во среда во партиските простории ќе се одржи свечена седница на општинскиот одбор на ЛДП на која ќе присуствуваат месните одбори и сите структури на партијата. Со тоа ќе го завршиме роденденските активности и празнувања“ додаде Костовски.
ЛДП е една од најстарите партии и на македонската политичка сцена постои 21 година и по тој повод традиционално како и секоја година, по повод роденденот се организираат повеќе активности.
Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на Балкански инженерски форум во Софија

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, д-р Зоран ...