ЛДП Куманово – Одбележување на денот на ослободувањето на градот

По повод одбележувањето на 11-ти Ноември – денот кога пред 72 години Куманово беше ослободено од фашистичкиот окупатор, претставници на ОО на ЛДП присуствуваа на следните настани:

– На 09.11.2016 год. со почеток во 20 часот раководството на ОО на ЛДП и повеќемина членови на партијата присуствуваа на 14-тата изложба на Меѓународната ликовна колонија „Карпино-2016“ организирана од Мултимедијалниот центар „Карпино“ чиј што претседател е членот на Извршниот одбор на ЛДП,Зоран Павловски, а која се одржа во Центарот за култура во Куманово;

– На 11.11.2016 год. со почеток во 11 часот делегација на ОО на ЛДП, составена од претседателот Ивица Костовски, членот на Извршниот одбор на ЛДП,Зоран Павловски, и членот на Општинскиот одбор, Благе Кипријановски, во присуство на други бројни делегации, положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата на загинатите борци од НОБ во Куманово;

– Истиот ден со почеток во 12 часот, членот на Советот на Општина Куманово и претседател на ОО на ЛДП, Ивица Костовски, секретарот Светислав Јовановски, членот на Извршниот одбор, Зоран Павловски и членовите на Општинскиот одбор, Благе Кипријановски и Љубица Кузмановска, присуствуваа на свечената седница на Советот на Општина Куманово која се одржа во реновираната голема сала на поранешен Комитет, на која, помеѓу другото, Општината Куманово традиционално ги додели ноемвриските награди на истакнати поединци и правни лица од Куманово. На свечената седница присуствуваа: Градоначалникот на Општина Куманово, членовите на Советот на Општината, секретарот и раководителите во општинската администрација, директори на општински јавни претпријатија, установи и училишта, претставници на МПЦ, МВР, АРМ, претставници од општини од збратимени градови од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Албанија, претставници на амбасади на странски држави и меѓународни организации, претставници на политички партии и здруженија на граѓани, како и други бројни гости.

Фотографии од наведеите настани:

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛИДЕМ: Благодарение на децениските погрешни политики, Скопје e втор најзагаден град во светот!

Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија ...