Изборни акивности – ЛДП Куманово

Во досегашниот период од изборната кампања, ОО на ЛДП – Куманово учествуваше на мини митинзите на Коалицијата „За живот во Македонија“ кои се одржаа на следните локации на територија на Општина Куманово: пред објектот MY MARKET во М.З. „Панче Пешев“, пред Противпожарниот дом во М.З. „11 Октомври“, на спортското игралиште „Кошеви“ во М.З. „Гоце Делчев“, во селата Ново Село и Тромеѓа, во населбите Вера Которка и Ајдучка Чешма.
Претставници на ОО на ЛДП зедоа учество и во акцијата „Ден на дрвото“ на Спомен Костурницата во Куманово, а присуствуваа и на прес конференцијата на носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 2, Оливер Спасовски која се одржа на градскиот плоштад.
Во овој период беше формиран месен одбор во с. Доброшане.
Портпаролот Филип Јаневиќ во просториите на ОО на ЛДП одржа прес конференција во врска со оправданоста на барањето на ОО на ЛДП за поставувањето на мерната станица која измерила енормно загаден воздух во Куманово.
ОО на ЛДП со два автобуси и пет возила учествуваше на централниот митинг на Коалицијата „За живот во Македонија“ кој се одржа на 04.12.2016 г. пред Владата на РМ во Скопје.
ОО на ЛДП преку свои претставници активно е вклучена во тимовите на ОО на СДСМ кои со кандидатите за пратеници ги посетуваат граѓаните на општина Куманово во акцијата „од врата на врата“.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ОО на ЛДП Струмица по повод Божиќните празници со мала донација на семејство од Струмица.

ОО на ЛДП Струмица по повод Божиќните празници со мала донација на семејство од Струмица. ...