ЛДП Куманово: Одбележан јубилејот – 71 година слободно Куманово

Претседателот на ОО на ЛДП – Куманово и член на Советот на Општина Куманово, Ивица Костовски, потпретседателот Бобан Бојковски, секретарот Светислав Јовановски и членот на Извршниот одбор на ЛДП, Зоран Павловски на 11.11.2015 год. со почеток во 12 часот присуствуваа на свечената седница која Советот и Градоначалникот на Општината ја организираа по повод одбележувањето на 71 година од ослободувањето на Куманово, а која се одржа во тукушто реновираната голема сала во зградата на поранешен Комитет во Куманово.

На свечената седница присуствуваа: Градоначалникот на Општина Куманово, членовите на Советот на Општината, секретарот и раководителите во општинската администрација, директори на општински јавни претпријатија, установи и училишта, претставници на МПЦ и ИВЗ, претставници од општините од збратимени градови од Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Грција и Турција, претставници на амбасади на странски држави и меѓународни организации, претставници на политички партии и здруженија на граѓани, како и други бројни гости.

Истиот ден со почеток во 11 часот делегација на ОО на ЛДП која ја сочинуваа Ивица Костовски, Бобан Бојковски и Зоран Павловски, во присуство на други бројни делегации, положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата на загинатите борци од НОБ.

 

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...