ЛДП Куманово со свечени активности по повод одлебежувањето на денот на ослободување на градот

По повод одбележувањето на 11-ти Ноември – денот кога пред 73 години Куманово беше ослободено од фашистичкиот окупатор, претставници на ОО на ЛДП присуствуваа на следните настани:

– На 09.11.2017 год. со почеток во 20 часот раководството на ОО на ЛДП и повеќемина членови на партијата присуствуваа на 15-тата изложба на Меѓународната ликовна колонија „Карпино – 2017“ организирана од Мултимедијалниот центар „Карпино“ чиј што претседател е членот на Извршниот одбор на ЛДП,Зоран Павловски, а која се одржа во Центарот за култура во Куманово;
– На 11.11.2017 год. со почеток во 11 часот делегација на ОО на ЛДП, составена од претседателот Ивица Костовски, членот на Надзорниот одбор на ЛДП, Вилијам Бојковски и членот на Општинскиот одбор, Анета Ефтимовска, во присуство на други бројни делегации, положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата на загинатите борци од НОБ во Куманово;
– Истиот ден со почеток во 12 часот, членот на Советот на Општина Куманово и претседател на ОО на ЛДП, Ивица Костовски, потпретседателот Бобан Бојковски, секретарот Светислав Јовановски, членот на Надзорниот одбор на ЛДП, Вилијам Бојковски и членовите на Општинскиот одбор, Благе Кипријановски и Љубица Кузмановска, присуствуваа на свечената седница на Советот на Општина Куманово која се одржа во голема сала на поранешен Комитет. На свечената седница присуствуваа: Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, членовите на Советот на Општината, секретарот и раководителите во општинската администрација, директори на општински јавни претпријатија, установи и училишта, заменикот на претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претставници од општини од збратимени градови од Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Албанија, претставници на амбасади на странски држави и меѓународни организации, претставници на политички партии и здруженија на граѓани, како и други бројни гости.
Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛИДЕМ: Благодарение на децениските погрешни политики, Скопје e втор најзагаден град во светот!

Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија ...