ЛДП – Куманово: Трибина и преставување на кандидатите од 2-та изборна единица

На 24.11.2016 година со почеток во 20.00 часот во преполната кружна сала на зградата на поранешен Комитет во Куманово во организација на ОО на ЛДП -Куманово се одржа трибина на која пред членовите на партијата свое обраќање имаа кандидатите за пратеници во Собранието на РМ од Изборната единица бр. 2, и тоа: портпаролот на ОО на СДММ, Мартин Захариев, претседателот на ЛиДеМ, Стефан Миноски, претседателот на Српска странка во Македонија, Мирослав Јовановиќ, директорката на СОУ „Перо Наков“ Куманово, Лидија Тасевска, членот на Извршниот одбор на СДСМ и претседател на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и носителот на листата – генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
При своите обраќања, високите претставници на СДСМ го изразија своето воодушевување од масовното присуство на членовите на ОО на ЛДП на оваа трибина што е доказ дека либерал-демократите се најорганизирани од коалиционите партнери на СДСМ, и воедно се заблагодарија за досегашната извонредна соработка и поддршка.
На овој настан, како претставници на централата на партијата, присуствуваа и членовите на Извршниот одбор, Ивица Тодоровски, Ацо Јаневски, Зоран Павловски и потпретседателот на ЛДП, Зоран Шапуриќ кој исто така им се обрати на присутните, при што не го криеше своето воодушевување од масовното присуство на трибината и, како и останатите говорници, рече дека воопшто не се сомнева во победата на здружената опозиција на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот во владата на РМ и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ ја посети Општина Струмица

Денес во работна посета на Струмица, претстојуваше Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, ...