ЛДП на VII меѓународна конференција на либерали во организација на ИДС

“Иднината на ЕУ и проширувањето кон Југоисточна Европа” беше темата на овогодинешната меѓународна конференција на либералите од Истра (Хрватска) која се одржа викендов во Ровињ.

Конференцијата е организирана од страна на ИДС (Istarski Demokratski Sabor) во соработка со Партијата АЛДЕ (Европски парламент), Фондацијата Фридрих Науман, холандските либерали (ВВД) и Мрежата на либерални партии од Југоисточна Европа (LIBSEEN).

На конференцијата, што претставува еден од најважните меѓународни настани на ИДС, присуствуваа лидери на либералните политички партии од Југоисточна Европа, претставници на различни меѓународни политички организации од Унгарија, Словенија и Србија и бројни претставници на IDS, предводени од претседателот Борис Милетиќ, потпретседател Валтер Флего и претседателот на Собранието на Истарскиот округ Валтер Дранкиќ.

Седмото издание на “ILC“ се фокусира на иднината на Европската унија и перспективите на европската иднина на регионот. Целта на конференцијата е да обезбеди форум за дискусија за важни политички прашања во контекст на Европа и размена на мислења за процесот на продлабочување и проширување на Европската унија во денешните предизвикувачки услови.

Конференцијата се состоеше од два дела. Во првиот дел од конференцијата “Истра во ЕУ – успеси, искуства и лекции по пристапувањето на Хрватска во ЕУ,”  се разговараше за искуствата на Истра по пристапувањето на Хрватска во ЕУ во областа на меѓурегионалната соработка, рурален развој, ЕУ фондови и култура.

Во вториот дел се зборуваше за зајакнување на европските вредности во Југоисточна Европа како предуслов за европската иднина на регионот.

Конференцијата, исто така, имаше за цел да обезбеди форум за дискусија за искуства, капацитети и можности за соработка меѓу либералите во Европа, особено во Југоисточна Европа.

На Конференцијата, како преставници на Либерално демократската партија присуствуваа Валентин Груевски, член на ИО на ЛДП и Антонио Димов, извршен секретар на ЛДП.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...