ЛДП учесник на состанокот на Советот на ALDE во Софија

Делегација на ЛДП, предводена од Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, учествуваше на состанокот на Советот на ALDE Group – Liberals and Democrats in the European Parliament кој викендов се одржа во Софија, Република Бугарија.

Делегацијатаоствари бројни средби со претставници на националните парламенти од државите од Европа, министри, европратеници и други значајни учесници на овој собир на либерал демократите.

На маргините на состанокот на ALDE во Софија, делегацијата на ЛДП оствари средба и со новиот генерален секретар на Либералната интернационала, г-динот Gordon Mackay.
Ја прошируваме соработката и со оваа меѓународна либерална организација при што договорена е посета на делегација на Liberal international на Македонија во наредниот период.

Во рамките на настанот беше организаирана и средба на преставниците на членките на регионалната мрежа ЛИБСЕЕН (Libseen – Liberal South East European Network), на која беа договорени насоките за натамошно делување на оваа мрежа.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на Балкански инженерски форум во Софија

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, д-р Зоран ...