ЛДП Прилеп: Ја поздравуваме одлуката на Владата на Република Македонија за зголемување на субвенциите за тутунарите

Интегрален текст од прес-конференцијата на ОО на ЛДП Прилеп.

_________________________________________________

Почитувани граѓани, почитувани тутунари

Општинската организација на ЛДП од Прилеп ја поздравува одлуката на Владата на Република Македонија за зголемување на субвенциите за тутунарите.

Поткревањето на висината на субвенциите по килограм предаден тутун кои сега ќе изнесуваат 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета и четврта класа тутун, значително ќе помогнат во подобрување на домашниот буџетот на тутунарите.

Особено е важно што одлуката важи и за предадениот тутун од реколтата 2017 година. Значи сите тутунари што неодамна го предадоа тутунот ќе добијат повисоки субвенции.

Сметаме дека ваквата директна интервенција ќе го подобри тутунопроизводството, затоа што со зголемените субвенции ќе се покрие голем дел од трошоците за производство на тутунот и ќе се мотивираат тутунарите да произведуваат уште поквалитетен тутун во наредната реколта.

Ова е нешто што тутунарите навистина го заслужија и ја поддржуваме Владата да продолжи на овој начин да ги поддржува тутунарите.

Општина Прилеп и граѓаните ќе го почувствуваат позитивниот ефект од зголемувањето на субвенциите и одличната просечна откупна цена што се постигна оваа година во секој сегмент од секојдневниот живот. Кога тутунарите добро заработуваат тоа значи поголем приход за дуќанџиите, за малото стопанство, за чаршијата.

Само со одговорното и домаќинско управување со државата и парите, како што тоа го прави оваа Влада, може да се носат вакви храбри одлуки во интерес на тутунарите и сите граѓани.

Претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на луксузни мерцедеси и фасади од стиропор, додека новата влада предводена од премиерот Зоран Заев со одговорно владеење ги зголемува субвенциите за тутунарите и ги насочува парите за подобар живот за сите. Има разлика.

Ви благодарам.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...