ЛДП: Секуларноста на државата е темел на мултиетничко општество

SekularnostСлучувањата во Битола од минатата недела, кога масовно се злоупотребија децата од неколку основни училишта во име на православната религијата, во проект насловен како “Децата за доброто и светлината“, на иницијатива на наставници, кои инаку факултативно во основните училишта го предаваат предметот “Етика на религијата“, претставува директен упад во секуларноста на државата. Одделеноста на религијата од државата е уставна категорија, како и ширење на верска нетолеранција, ксенофобија и поттикнување на нетрпеливост и омраза кон другите со поинаква конфесионална определба.

ЛДП потсетува дека религијата е лична определба, а во мултиетничко и мултирелигиозно општество какво што е нашето, фаворизирање на било која религија, преку злоупотреба на малолетни деца е крајно опасна, тенденциозна и непромислена постапка која ја заострува нетрпеливоста на религиозен, но и на етнички план.

Крајно недозволиво е најпрво, било каква религиозна активност надвор од образовните институции, каде е предвидено одвивањето на предметот Етика на религиите, кој е факултативен, а не обврзен, а потоа и фаворизирање на една религија, во овој случај православното христијанство, на сметка на другите религии, кога со Устав е загарантирана слободата на вероисповест и еднаквост на религиозната припадност. Македонија е мултиетничко и мултиконфенсионално општество и само со толеранција и меѓусебно почитување, и пред се почитување на правниот систем и Уставот на РМ, може да опстанеме како граѓанско општество.

Оттука, ЛДП бара санкционирање на организаторите на настанот, по основ на ширење на ксенофобија и нетолеранција, почитување на обврската предметот Етика на религиите да биде само факултативен, а не обврзен и да се одвива само во образовните институции, кое исто така, за жал, претставува нарушување на секуларноста на државата.

Сметаме дека ваквите активности имаат за цел поттикнување на верска нетолеранција и нивната зачестеност, како што беа и случувањата во Крива Паланка и нападот на муслиманските верници, е со цел создавање раздор и ширење на ксенофобија, како краен, но опасен одговор на процесите за нормализација на општеството кои се одвиваат со големи потешкотии, секако, со јасна цел –  изградба на хомогено граѓанско, мултиетничко и мутликонфесионално општество.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...