ЛДП: Политичкиот пион Иванов да не си игра со интегритетот на пратениците

Политичкиот пион, Ѓорге Иванов, од позиција на Претседател на Македонија, уште еднаш покажа и докаже дека со леснотија може да ги пречекори своите овластувања и да поставува услови за формирање на Влада од страна на опозицијата.

Само човек кој е вовлечен длабоко во шинелот на режимот и е слеп послушник на Никола Груевски, може да реди скандали како бисери, при тоа да нема ни грам човечност и совест.

Либерално-демократската партија пред два дена предупреди дека Иванов мора да се однесува еднакво за сите и на истиот оној начин на кој не побара од Груевски доказ дека има 61 пратеник за составување на Влада, така требаше да постапи и со новиот мандатар, Заев.

Но, Иванов крајно непринципиелно реши да  практикува двојни аршини. Во исто време да си игра со интигритетот на пратениците од опозицијата и сите оние кои ќе учествуваат во формирањето на новата влада.

Во првиот момент кога ќе се формира Владата и ќе се стабилизираат институциите, како партиципиенти во новата власта ќе бараме импичмент за политичката фигура, Иванов.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Работна средба Милевски – Павловски

Претседателот на комисијата за економски прашања во Собранието на РМ, Горан Милевски денеска оствари работна ...