ЛДП: Да престане хајката против амбасадорите-пријатели на Македонија

Либерално-демократската партија ја изразува својата длабока загриженост по последните соопштенија произлезени од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, со кои свесно се нанесува штета на односите помеѓу државата и западните земји-пријатели на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ во еден ден успеа да се скара со САД, СР Германија и со ЕУ, откако без тронка срам и почит кон функцијата, безочно бараше „виновници“ за политичката криза во амбасадорите Бејли, Алтхаузер и Жбогар.

Порачуваме веднаш да престане политичкиот „лов на вештерки“ насочен кон западните земји и нивните претставници во Република Македонија и сакаме да потсетиме дека САД, Германија, заедно со членките на Европската Унија, се едни од најголемите поддржувачи на државата, од независноста до ден денес.

ЛДП сака да ја изрази својата благодарност и безрезервна поддршка кон амбасадорите кои се најдоа на удар од доскорешната владеачка гарнитура.

Порачуваме дека новата влада, од која дел ќе биде и ЛДП, посветено и уште понапорно ќе работи за остварување на Евро-атлантските интеграции, стратешките цели и определби на Република Македонија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...