ЛДП: Справувањето со загадувањето бара комплексни, а не парцијални мерки

Комплексноста на животната средина и на воздухот како нејзин важен медиум произведува мултисекторски и мултидимензионален пристап преку утврдување на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки и активности.

Либерално демократската партија неколку години наназад укажува на опасностите од  енормното загадување на воздухот. Претераниот увоз на стари возила, неодржливата и прекумерна градба која е спротивна на еколошките стандарди, безмилосното уништување на зеленилото и претераното користење на фосилни горива важат за едни главни причини за влошување на квалитетот на воздухот. Од друга страна, лошата улична инфраструктура, неизградбата на подземни сообраќајници, хаосот во градскиот сообраќај и низа други фактори секојдневно доведуваат до зголемување на концентрацијата на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички над максимално дозволените граници, а многу често и дваесет пати повеќе од дозволеното, пред се’ во Скопје, Тетово, Битола, но и во многу други градови.

Наместо инвестици во животната средина и здравјето на своите граѓани, власта помалку наивно, инвестираше во низа непродуктивни т.н. проекти, како што се барокни фасади, панорамски тркала, жални врби и галии.

Бесплатниот јавен превоз низ Скопје по нецели два дена, од несфатливи причини е укинат. Оваа активност на градските власти треба да продолжи, во комбинација со низа други мерки, како што е забрана за сообраќај во најкритичните зони, подобра организација на јавниот сообраќај, забрана на сите градежни активности на одреден период, набавка на современи пречистувачи на воздухот и засилена контрола од државните и локалните инспекции. Досега, не видовме дека некој од големите загадувачи е санкциониран и дека е запрена било каква градежна активност.

 

ЛДП бара од Министерсвото за животна средина, од Министерство за здравство и од единицте на локалната самоуправа итно преземање на овие мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух и продолжување на планот за ублажување на загадувањето на амбиентниот воздухот.

Грижата за здравјето на граѓаните мора да биде врвен приритет на секоја власт. Порачуваме дека новата влада, која наскоро ќе биде формирана, ќе преземе конкретни и јасни чекори кон намалување на загадувањето на воздухот, како и низа мерки за подобрување на квалитетот на животната средина.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот Зоран Шапуриќ гостин на ТВ Плус Куманово

Министерот и потпреседател на ЛДП, Проф. д-р Зоран Шапуриќ, гостуваше во телевизијата “Плус ТВ Куманово“. ...