Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески (ЛДП), потпиша Меморандум за соработка со деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев.
Во таа пригода пред студентите на Филозофскиот факултет директорот Славески одржа предавање на тема „Безбедносна култура и заштита на тајните информации во безбедносниот систем на РМ“.