ЛДП Струмица во посета на здружение на пензионери

11046125_841271595919236_33537240_oВо повод меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, делагација на Општинската организација на ЛДП од Струмица, предводена од Претседателката г-ѓа Верица Буралиева, го посети домот за стари лица во Општина Струмица.
Притоа, на присутните пензионерки, жители на домот, како и останати членки на здружението на пензионери, од страна на преставниците на ЛДП им беше врачен пригоден подарок – цвет, како знак на внимание и почит кон оваа генерација на граѓани.

11031016_841271585919237_1625701056_oПрисутните пензионерки се заблагодарија за вниманието кое им беше посветено, ги презентираа своите активности како здружение и воедни ги поканија преставниците на ЛДП да се вклучат во идните настани и активности организирани од страна на нивното здружение.

11045938_841271592585903_1648538729_o

Претседателката Буралаиева се заблагодари за срдечниот прием и во тој контекст истакна дека жените не заслужуваат само за еден ден почит во годината, туку 365 дена во годината и дека ЛДП целосно ќе се залага за достоинствен живот на припадниците на оваа генерација граѓани.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

ЛДП Штип (Видео): Прес-конференција на ЛДП-Штип за договорот помеѓу Македонија и Грција

Прес-конференција на ЛДП-Штип за договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Со склучениот договор за ...