ЛДП: Режимот го изедначи здравството со хаосот

Berovo - tribinaМакедонија е единствената држава во Европа која нема организиран здравствен систем. Пациентите се соочуваат со стихијно решавање на нивните здравствени проблеми кои се изедначуваат со хаос, рече др. Бранко Блажевски, член на Советот за здравство на ЛДП, одговорен за клиничко-болничкото лекување, на трибината во Берово, „Македонија после Груевизмот-Либерални решенија“.

“Новата Влада ќе се соочи со состојба која бара повторно, речиси од почеток, правење на организиран систем на здравството. Тоа ќе биде исклучително тешко поради одливот на квалитетен медицински кадар во странство или во приватните клиники. Во исто време, Македонија е единствената држава која нема здравствена установа за 21 век. Сите се во руинирана состојба“, рече др. Блажевски.

ЛДП од следната Влада, уште на почеток на мандатот, ќе побара да се преземат мерки и активности за спречување на понатамошниот одлив на лекари, со значајно покачување на платите и можност за дополнителна консултативна работа, како можност за заработка.

“Веднаш треба да се распишат значителен број на специјализации по сите гранки на медицината за ублажување на недостигот од лекари специјалисити. Да се донесе одлука и план за регионална организација на здравствениот систем во неколку региони, со изградба на нови современи клинички болници“, потенцираше др. Блажевски.

Според ЛДП, на македонското здравство му се потребни и ургентни проекти, како Траума центар, кој ќе ги оддели повредите од останатата патологија.

“Институт за рехабилитација на пациенти со тешки заболувања на централниот нервен систем. Како и комплетна реорганизација на Фондот за здравствено осигурување, кој сега претставува институција, која ја потресуваат бројни афери и скандали со лекувањето на своите осигуреници и остварувањето на нивните права“, предложи др. Блажевски на трибината на ЛДП во Берово.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот во владата на РМ и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ ја посети Општина Струмица

Денес во работна посета на Струмица, претстојуваше Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, ...