Либерална Трилатерала 2017

Како резултат на успешната меѓународната активност на ЛДП во текот на изминатиот период, и спремноста на нашите сестрински политички партии од регионот за заедничка соработка се укажа можност истата соработка да се преточи во конкретна активност.
Како заеднички договор од оваа соработка произлезе регионалното советување – Либерална Трилатерала, кое се одржа на 10 и 11 Март 2017 година, во Хотелот Бест Вестерн во Скопје.
На трилатералата земаа учество истакнати членови на нашите сестрински партии од регионот: ХНС – Либерални Демократи (Хрватска) и Наша Странка (Б и Х).

Темите на кои беа опфатени на советувањето: Управување со Партискита Организација, Работа на терен и активности ма младите во партијата, Едукација на членовите во Политичките партии и насочување на претставниците на политичките партии во работата на Органите на Централната и Локалната власт и Активности во кампања, работа во коалиција со други политички партии и Подготовки за Локалните Избори 2017 год. беа во насокa на зајакнување на капацитетите на политичките во субјекти во регионот и за нивни поуспешен настап во иднина.
Советувањето беше отворено од страна на Претседателот на ЛДП Горан Милевски, продолжи со Директорот на Политичката Академија на ХНС – Либерални демократи Г-динот Борис Блажекович и останатите предавачи на настанот.

Исто така би сакале да истакнеме дека овој настан е несебично помогнат од Региононална Канцеларија на NDI – Сараево во соработка и комплетна локална логистичка подршка на канцеларијата на NDI во Скопје.

Ова е продолжување на добрата соработката на ЛДП на регионално ниво и се надеваме дека истата ќе биде надградена и продлабочена и во периодот кој следува.

ЛДП е сигурна дека искуствата кои беа стекнати на ова советување, ќе представуваат драгоцено искуство, кое ќе придонесе за подобар резултат кој ЛДП ќе го оствари на наредните локални и парламентарни избори.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...