LIBSEEN – Мрежата на либерали од регионот одржа стратегиско советување во Софија, Бугарија

Image result for libseen

LIBSEEN (Liberal South East European Network) – Мрежата на либерални партии од Југоисточна Европа, изминативе денови (22-24.01.2017) одржаа стратешка конференција во Софија, Бугарија, под покровителство на Фондацијата Фридрих Науман и Движењето за права и слободи – ДПС (полноправна членка на ЛИ и членка на ЛИБСЕН).

На средбата, како преставник на ЛДП, присутуваше Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП, кој истовремено е и член на Управниот одбор на оваа меѓународна организација.

Во пет различни панели учесниците дискутираа за иднината на либерализмот во Југоисточна Европа, а особено развојот на LIBSEEN како регионална политичка организација.

Над 30 либерални лидери и преставници на либералните партии од регионот на Југоисточна Европа и партнери од целиот континент беа присутни на средбата.

Д-р Рајнер Адам, регионалниот директор на FNF, на почетокот ги поздрави присутните истакнувајќи дека му е мило што фондацијата се јавува како домаќин на овој настан, изразувајќи надеж за посилна и уште подобро консолидирана либерална основа во регионот на Југоисточна Европа.

Мустафа Карадај, Претседателот на ДПС го поздрави одржувањето на собирот. Во врска со иднината на мрежата на либерали од регионот тој цитираше зборови на Конфучие: “Во сите нешта успехот зависи од подготвителната работа – без неа, неуспехот е сигурен”.

Партиите кои се членки на мрежата оценија дека истата е значително заживеана во последните години и разработени се одржливи чекори во насока на дополнително зајакнување на соработката меѓу либералните во регионот. Но, исто така, и дека треба да се продолжи по патот на трансвормација на мрежата во посериозно организирана структура.

Одржаниот форум наиде на висок степен на интерес од страна на сестринските партии и партнери, вклучувајќи ги партија АЛДЕ, ВВД и D66 (Холандија), Либерал-демократите (ГБ) и НДИ.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател ...