ЛиДеМ Битола – Целе Јолевски: Бараме да се најде виновникот за катастрофалната состојба на УКЛО

Почитувани,

Вмро-Дпмне ја уништи Битола на културен, економски и спортски план, а со последното рангирање на универзитетите во Македонија, се покажа дека власта предводена од Вмро-Дпмне го уништува и битолскиот универзитет, а со тоа продолжува да ја уништува и Битола.

Ние младите од ЛДП бараме од ректорската управа на битолскиот универзитет да започне институционална борба, со цел да докажи дека последното рангирање е направено тенденциозно од страна на власта на Вмро-Дпмне, а на штета на битолскиот универзитет.

За нас е неприфатливо Битолскиот универзитет да биди зад Штипскиот, зад Тетовскиот, зад Охридскиот, па и зад некои приватни универзитети.

Либерално-демократската младина  го повикува ректорот на битолскиот универзитет да не се крие зад јалови соопштенија туку јавно да  излези и  да проговори за односот на власта на Вмро-Дпмне кон битолскиот универзитет.

Да каже кој е виновник за ваквата состојба, кој го осакати универзитетот со политиката на ,,Универзитет во секое село“, која политика го намали бројот на студенти за една третина и зошто битолскиот универзитет е на седмо место во Македонија.

Ги повикуваме подмладоците од сите политички партии, ги повикуваме сите професори и интелектуалци, сите декани и студенти  да застанат јавно во  одбрана на битолскиот универзитет, затоа што Битола не смее повеќе да губи на никој план, а особено не смее да продолжи да пропаѓа на интелектуален а со оваа политика тоа  и  се случува а и ќе продолжи да се случува.

 

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател ...