ЛИДЕМ: Итно решавање на проблемите на македонските студенти!

Lidem-logoЛиберално демократската младина им го честита меѓународниот ден на студентите на сите минати, сегашни и идни студенти, посакувајќи им успех на секое поле во професионалниот и приватниот развој.

Денешниот празник е празник на високото образование, но во Македонскиот високообразовен систем времето за славење е одамна поминато. Недостатокот на квалитетни реформи во образованието е само една од причините за оваа безнадежна состојба во која се наоѓа просечниот македонскиот студент.

Додека колегите-студенти од Европа имаат можност да студираат на реномирани факултети, да престојуваат во студентски домови кои наликуваат на хотелски резорти, притоа и не занемарувајќи ја борбата за целосно остварување на правата на студентите, македонските студенти се соочуваат со распаднати и руинирани студентски домови, низок стандард кој неодминливо се наметна во независна Македонија, недостаток на основни услови за студии, недоволно стручен, неедуциран и партиски кадар, без сериозна програма за стипендирање и останати проблеми.

Владата безброј пати наназад во овие 10 години ветуваше дека ќе ги реконстурира студентските домови низ државата. Заложбата за “умилкување“ на студентите се најде практично во секоја предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Досега, за 10 години, се’ што се реконструираше е еден блок од студентскиот дом “Гоце Делчев“. Почитувани дами и господа од Владата, дали ќе треба да чекаме до бесконечност да си го исполните зборот кој непрекинато го ветувате пред македонските студенти на секои можни избори?

Меѓународниот ден на студентите се одбележува како потсетник на 17-ти Ноември 1939-та година во Прага, Чешка, по нападот на германските трупи на чешките универзитети, по демонстрациите на студентите, кои протестираа во име на Јан Оплетал, студент на медицинскиот факултет. По нападот на германскиот окупатор, голем број студенти завршија во концентрационите логори, воедно убивајќи дел од притворените студенти.

 

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...