“Твојот глас-твоја иднина“ – проект и конференција на Либерално-демократската младина

Либерално демократската младина во соработка меѓународните партнери на ЛДП и на ЛИДЕМ изминатите три недели беше организатор на проектот “Твојот глас – твоја иднина“.

Во рамки на проектот беше спроведена анкета на примерок од 150 испитаници, чија цел беше да се утврди колку младите се активни, односно колку истите учествуваат во процесот на креирање на младински политики, но и колку ги користат своите права, особено фундаменталното и најзначајно за нивната иднина – правото на глас.

Проектот вчера во ЕУ Инфо Центарот имаше своја завршница со конференција на тема “Твојот глас – твоја иднина“, на која учество земаа 60 млади луѓе од различни организации и партиски подмладоци. На конференцијата се обрати Дамјан Николовски, претседател на Националниот младински совет на Македонија, кој говореше за тоа каква е состојбата на младинскиот активизам во Р.Македонија, како и за потребата од подобрување на постоечката клима за младински активизам.

На конференцијата збор зема и Љуми Бекири од “Ние одлучуваме“,  кој говореше за младинската апатија кон политичкото и рушење на таа бариера и зза потребата од мотивирање на младите за креирање на политики. Марија Андреева, претставник од “Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид“, говореше за тоа колку  политичките подмладоци може да бидат фактор во општеството за кревање на свеста и своето влијание.  Претставникот од “Либерално – демократската младина“, Филип Јаневиќ, во своето излагање потенцираше колку младите се значаен фактор во процесот на носење одлуки. Воедно Јаневиќ напомена дека  гласањето на изборите е особено значаен  начин за креирање на политики. Последниот говорник, Филип Аврамчев, претставник од “Либерално демократската партија“, во своето излагање укажа на потребата од градењето на цврсти коалиции помеѓу политичките подмладоци и младинските организации. Конференцијата заврши со прашања и дебата помеѓу учесниците и говорниците. Воедно, на крајот беше промовиран и видео запис снимен од младите либерал-демократи чија цел е будење на свеста кај младите за моќта на нивниот глас.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател ...