Семинар на ЛИДЕМ – подготовки за претстојните локални избори

Изминатиот викенд, членовите на Либерално-демократската младина (ЛИДЕМ) заедно со Хрватската сестринска партија ХНС (HNS – Hrvatska Narodna Stranka – liberalni demokrati), поддржани од фондацијата Фридрих Науман, одржаа семинар во хотелот Метропол во Охрид.

Предавачот на семинарот, Иван Бедњаниќ Буниќ, секретар на младите на ХНС, заедно со ЛИДЕМ споделуваа и разменуваа искуства и пракси, токму пред одржувањето на локалните избори, закажани за 15-ти октомври годинава.

Преку различни вежби и излагања, присутните можеа подетално да се запознаат со начинот на водење кампањи за локални избори, користење на новите медиуми и методи во работата на политичките подмладоци и генералната подготовка за локалните избори беа главните теми на семинарот.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...