ЛиДеМ: Најостро го осудуваме приведувањето на девојката поради употреба на канабис

Либерално Демократската Младина најостро го осудува настанот во кој беше приведена девојката во Скопје после нејзиното уживање на канабисот. Сметаме дека основните човековите слободи и права мораат да се почитуваат и тие преставуваат камен темелник на едно здраво демократско општество за кое се бориме и сакаме да живееме.

Поминуваат веќе 21 година од кога ЛиДеМ неуморно се залага за имплементација на позитивните искуства во врска со канабисот од европските земји, како Холандија. ЛиДеМ се едни од основополножниците во напорите за легализација на канабисот за медицински цели уште од 2003 и 2004 година, 15 години неуморно се боревме за остварување нашите стратешки приоритети за кои гордо можеме да кажеме дека се исполнија.

Како последна глава од ова поглавје и целосно остварување на нашите програмски и стратешки определби останува декриминализацијата на употребата на канабисот.

На девојката која вчера приведена сакаме да и искажеме подршка во нејзината борба за остварување на нејзините човекови права и сакаме да и понудиме бесплатна правна помош.

Сметаме дека член 215 од Казнениот закон на РМ, каде што е регулирано неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и перкусори, треба да се дополни и измени во поглед на тоа да не ја регулира личната употреба односно истата да се декриминализира.

Мораме да се бориме за еднакво, слободно и демократско општество каде што основните човекови права и слободи ќе се почитуваат и секој граѓанин на Република Македонија ќе има право да живее слободно, еднакво и либерално согласно неговите сфаќање, определби и убедувања.

#Подршказамоника #Legalizeit  #420

 

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на Балкански инженерски форум во Софија

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, д-р Зоран ...