Либерално демократска младина: Целосна поддршка на сите лица слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност

По повод 17 мај, меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија Либерално демократската младина дава поддршка на сите лица слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност.
ЛиДеМ изразува задоволство од неодамнешниот чекор кој го направи Собранието на Република Македонија, односно на формирањето на интерпарламентарна група за поддршка на ЛГБТИ правата во која членуваат 2/3 од пратениците на ЛДП. Притоа сметаме дека оваа група своето формирање треба да го оправда со вклучување на сексуалната ориентација и родовата припадност во Законот за спречување дискриминација.
Воедно, ЛиДеМ ќе настојува, Националниот Младински Совет на Р.Македонија да покрене кампања и за менување на законската регулатива во Македонија, согласно која луѓето од ист пол ќе можат полноправно да регистрираат истополови партнерства, следејќи го примерот на одредени земји како Хрватска, Италија, Грција, Унгарија итн. Македонија мора да ја направиме да биде земја на среќни луѓе и среќни семејства кои ќе останат да живеат овде.
На овој ден ги потсетуваме надлежните институции, дека напаѓачите на ЛГБТИ центарот во Скопје сеуште не се казнети и во оваа насока апелираме да се преземат конкретни чекори во насока на строго санкционирање на истите, за делата кои ги извршија.
Либерално демократската младина ја почитува слободата и сексуалната определба и оринтираност на секој човек. Секој граѓанин без оглед на неговата определба треба да се чувствува безбедно, еднакво и слободно во својата земја.
#Celebratethepoweroflove #17may

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...