ЛиДеМ со подршка на проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“

ЛиДем изразува подршка и се вклучува во процесот на воведување „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“

Согласно конституционото уредување на Република Македонија, која што е демократска и социјална држава има обврска да се грижи за нејзините граѓани, и секако нејзината младина. Младината преставува авангарда на едно општество. Само успешна и јака младина преставува сигурен и иден развој на една држава. По примерот на европските држави како што е Словенија, каде што 10 години успешно се спредедува ваков проект, Владата на Република Македонија на 49-та седница ја разгледа и усвои информацијата за воведување на проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“ и ги задолжи министерствата, другите органи и организации да работат на ваквиот проект. ЛиДем како политички подмладок сака да искаже подршка и активно да се вклучи во процесот на формирање со предлагање на мерки и идеи. ЛиДем смета дека ваквиот проект ќе ги стави младите на правиот пат за успешен развој како индивидуи и ќе им помогне при нивното студирање и додатно ќе ги стимулира младите да се запишуваат на домашни факултети и да останат во државата. Предлагаме дека треба да се воведе студентска картичка каде што студентите ќе имаат разни попусти и повластувања при купување оброк, облека, книги, карти за во театри, кина и концерти, попусти при плаќање членарини за спортување (тератана, базени итн).

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП Куманово: Активности за одбележување на роденденот на Либерално демократската партија

Во рамките на одбележувањето на 21 година од формирањето на ЛДП, ОО на ЛДП – ...