ЛИДЕМ: Несебична поддршка на средношколскиот пленум!

Lidem logoЛиберално-Демократската Младина дава силна и недосмислена поддршка за средношколците, кои денес, со марш низ скопските улици протестираат против лошите реформи во образованието. Нивното мото „Борбата продолжува“, како и пораките „Доста беше молк”, „Заедно сме посилни”, „Нема правда нема мир” ја покажуваат одлучноста и нивната подготвеност да истраат во своите барања.

Средношколскиот пленум минатиот месец ги достави своите барања до ресорното министерство, во кои бараат укинување на екстерното тестирање, а државната матура да се полага следните четири години, по стариот концепт.

Средношколците се пожалија на разни притисоци, како закани од казни, намалени оценки и поведение, но и откажувања на екскурзиите. Ваквите притисоци се крајно неприфатливи и неодговорени и заслужуваат најостра осуда.

Премиерот, неговиот министер за образование се директно одговорни за лошите реформи и притисокот врз средношколците. Министерот за образование, Абдулаќим Адеми, неодамна најави дека ќе има нов концепт на екстерно тестирање во чие креирање ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

Затоа, ЛИДЕМ упатува директно барање до надлежните владини институции, ресори и одговорни лица, сериозно да пристапат кон изнаоѓање на искрени, издржани и функционални решенија, во соработка со претставниците на средношколците. Младите се идните носечки столбови на секое здраво општество. Власта со неодговорните потези уште повеќе ја руинира и онака кревката и разрушена состојба во образованието. Затоа, ЛИДЕМ ја изразува својата несебична поддршка за денешниот протест, а воедно и апелира до власта да не им го одзема правото на младите на европско, квалитетно и современо образование.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Работна средба Милевски – Павловски

Претседателот на комисијата за економски прашања во Собранието на РМ, Горан Милевски денеска оствари работна ...