(ГАЛЕРИЈА) Капацитетите на ЛИДЕМ – главна тема на зимската школа во Струмица

Градење на капацитетите на новите, млади либерал-демократи беше темата на зимската школа на Либерално-демократската младина, која се одржа во Струмица од 13-15 ноември. Младите од ЛИДЕМ имаа можност да дискутираат, разменат мислења и информации во однос на активностите, очекувањата и досегашните резултати од ЛИДЕМ.

Недостапноста и недоволната информираност околу активностите беа едни од клучните проблеми кои, новите членови на ЛИДЕМ им ги претставија на раководството.

Поделени во групи, младите либерал-демократи три дена работеа на изнаоѓање можни решенија и учествуваа во работилниците за креирање на младински политики, кои евентуално ќе бидат преточени како програмски определби на ЛИДЕМ.

Зимската школа за политика ја организираше раководството на Либерално-демократската младина, со поддршка и соработка од страна на фондацијата “Фридрих Науман“ – фондација за слобода.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...