Либерално демократската младина – учесник на Регионална либерална академија за млади во организација на Централната интернационална фондација од Шведска и Фондацијата Борис Дивковиќ од Босна и Херцеговина

Изминатиот период членовите на либерално демократската младина беа учесници на Регионална либерална академија за млади организирана и подржана од Централната интернационална шведска фондација и Фондацијата Борис Дивкович, која се одржа во три различни модула.

На првиот модул, кој се одржа во Мостар (Босна и Херцеговина), учесниците имаа можност да слушаат предавања кои претставуваа вовед во либерализмот, односно од каде потекнува либералната идеологија и што опфаќа. Воедно овој модел беше наменет за меѓусебно запознавање на учесниците кој доаѓаат од различни региони на Балканот како: Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Неколку месеци подоцна, на Бјелашница (Босна и Херцеговина) беше одржан вториот модул од Академијата на кој учесниците имаа можност да научат повеќе за начинот на водење кампања, за родовата еднаквост, дизајн на политички плакат и сл. Воедно, имаа можност да пишуваат мини проекти, чија реализација следеше по завршување на вториот, а пред почетокот на третиот модул.

На третиот модул кој се одржа во Брисел (Белгија) учесниците ги презентираа резултатите од реализираните мини проекти и имаа можност да го посетат Европскиот псрламент, Европскиот либерален форум како и Алијансата на либерали и демократи на Европа (АЛДЕ), каде разговараа и разменија искуства со неколку европски пратеници, а воедно и да учествуваат на конференција организирана од страна на Европскиот либерален форум.

По завршувањето на трите модула учесниците добиваат можност да бидат алумни членови на оваа академија. Регионалната либерална академија за млади се одржа за прв пат оваа година и има тендеција да започне да се одржува секоја година со цел успешна соработка помеѓу либералните политички подмладоци од регионот и зајакнување и успешно ширење на либералните вредности.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Средба на Милевски со претседателот на Сенатот на Романија, Таричану

Денес, претседателот на комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија и претседател на ...