“Македонија после груевизмот“ и во Куманово

Вчеравечер, во Куманово, се одржа четвртата по ред од серијата трибини што ЛДП го одржува низ Македонија.
Груевизмот како начин на владеење нема да си замине со оставката на Груевски. Станува збор за цел систем кој 10 години длабоко е инсталиран во сите институции и во колективната меморија на нашиот народ.
ЛДП преку своите решенија, заедно со граѓаните тргнува во конечна пресметка со груевизмот како начин на владеење.
Говорници на трибината беа:
Јован Манасијевски, поранешен министер за труд и социјална политика и одбрана, имаше дискусија во областа на економијата,
Драган Малиновски, aдвокат и поранешен претседател на Комисијата за спречување на корупција, го опфати правниот и судскиот аспект на функционирањето на државата,
Никица Корубин, се посвети на делот на моменталната состојба со човековите права,
Завршен збор на трибината, како и осврт на моменталните политички случувања имаше претседателот на ЛДП, Горан Милевски.
Ви пренесуваме дел од вчерашната трибина!!

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП, учесник на Регионалната либерална Академија во Словенија

Изминатиот викенд (од 16 до 18 Јуни 2017 година), во Љубљана, Словенија, се оддржа Регионална ...