Интервју на Проф. Д-р Ѓорѓе Марјановиќ за Плусинфо: Ако Груевски добие 63 пратеници ќе се вратиме во едноумието, осиромашени

marjanovicДали со недај Боже исполнувањето на желбата на Никола Груевски за 63 пратеника во новиот парламент, не ќе завладее повторно едноумието, но сега, во осиромашената Македонија, тоа би било многу пострашно. И тоа овој македонски народ не би смеел да го дозволи, оти плурализмот би бил само декор, вели проф. д-р Ѓорѓе Марјановиќ член на Либерално-демократската партија  во кратко интервју. Како поборник за воведување на плурализмот во Македонија, надевајќи се дека едноумието ќе го замениме со многу подобар политички систем, тој истакнува дека денес не се чувствува среќен од она што го добивме.

Професоре Марјановик, вие сте основач на првата политичка партија во времето на зачетоците на плурализмот во Република Македонија, во далечната 1990 год. Како денес, по повеќе од 25 години плурализам ги коментирате состојбите на македонската политичка сцена?

– И покрај тоа што бев поборник за воведување на плурализмот во Македонија, надевајќи се дека едноумието ќе го замениме со многу подобар политички систем, денес не се чувствувам среќен од она што го добивме. Како едноумието да го заменивме со „двоумие“. Одлуките што се носеа во досегашниот парламент, главно, беа резултата на одлуката на владеачката партија. Превластот на ВМРО-то во парламентот, сосема ги амортизираше сите обиди на поинакви решенија. Затоа, не сум сигурен дека дојде до вистинска промена на политичката сцена. Дали со недај Боже исполнувањето на желбата на господин Груевски за 63 пратеника во новиот парламент, не ќе завладее повторно едноумието? , но сега, во осиромашената Македонија, тоа би било многу пострашно. И тоа овој македонски народ не би смеел да го дозволи, оти плурализмот би бил само декор.

Вашето познато мото „Македонија пристојно место за живеење“, искажано пред 25 години, се уште оддекнува во Македонија. Колку денес е навистина пристојно место за живеење?

– Оф, со ова прашање само ми ги скоревате јадовите. Какво пристојно место! Па зарем толкав број на иселени лица од Македонија е показател за пристојно место за живеење? Морам да кажам дека, во овие стари дни, многу сум жалостен што владеачките партии во овие 25 годинии самостојност направија Македонија да биде земја од која се бега. Зошто Македонија да стане земја во која ќе се враќаат луѓето од туѓина за да ги остават своите коски во родниот крај? Не, тоа не го посакував кога ја кажав таа крилатица пред 25 години. И за чудо, многу луѓе што ме среќаваат, со тага ме потсетуваат за тоа што сум го кажал. Го запомнале, но дали ќе се исполни таа моја желба. Како што тргнале работиве, се’ повеќе станувам песимист, иако луѓето што ме знаат од пред 25 години, оптимизмот ми се гледаше и на лицето. Но како да сте оптимист, кога знаете дека многу мои врсници на skypе се гледаат со своите деца, не можат да си ги гушнат внучињата. Па, за какво пристојно место да зборуваме.

Вие сте еминентен универзитетски професор и експерт во областа на кривичното односно казненото право. Како ја оценувате актуелната состојба во судството денес во Македонија?

– Не знам колку сум еминентен универзитетски професор, но знам дека бев многу строг професор. Барав знаење од моите студенти на испитот, како да секој од нив ќе станеше судија. Но, веќе одамна жалев што сум бил толку строг професор, затоа што многу мал дел од моите одлични студенти ги зазедоа местата на судии. Но она што е уште поважно, стравот како да завладеал во Македонија. Судиите како да станале послушници на луѓето од владеачкиот ешалон. Се згрозував на она што го слушав од бомбите на господин Заев. Се’ ми се чинеше како да е нешто што се случува на некое друго место на земјината топка, а не во нашата Македонија. На моменти дури и не можев да верувам дека тоа се случувало. Но, добро е што еден дел од судиите како да собрале сила да се спротивстават на своите наредбодавачи. Дај боже да продолжи тој тренд.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Проф. Владо Димовски, Претседателот на Советот за образование на ЛДП, гостин во Топ Тема на Телма телевизија

Проф. Владо Димовски, Претседателот на Советот за образование на ЛДП, гостин во Топ Тема на ...