ЛДП на меѓународна конференција за значењето на локалната политика и демократија

Во организација на Националниот демократски институт, Меѓународната демократска иницијатива и Либерално-демократската партија на Србија, минатиот викенд во Белград се одржа конференција на представници на Либерал-демократските партии од Србија, БиХ, Хрватска и Македонија посветена на проектот “Јакнењето на политичките партии низ развитокот на локалните партиски политики”.
Конференцијата имаше работен поднаслов „Прекуграничната соработка на либералите на Југоисточна Европа“.
Беа разменети искуствата во активноста на либерал-демократите во изработката на локалните политики. За разлика од традиционалниот процес на развој на политиката, каде политиката се развива на ниво на раководства на партиите, оваа средба поголем акцент стави врз политиките кои се развиваат врз основа на идентификуваните теми во процесот кој е отворен пред се кон членовите на партиите, граѓаните и пошироката јавност, односно кон сите заинтересирани страни кои имаат врска со третираниот проблем или со понудено решение.
Суштината на работилницата беше, партиите да ги прашуваат граѓаните какви потреби имаат, и какви излезни решенија, реални и изводливи решенија им нуди ЛДП согласно потребите и желбите на граѓаните.
Во оваа насока, поаѓајки од искуствата на општина Центар како и на други општини во држави каде ЛДП е на власт, беа разработени прашањата : значењето на локалната политика и демократија, нејзината основна содржина и програмска политика, фази во изработката, идентификација на проблемите и потребата од создавање на работни групи за изработка на политиката, идеи за потенцијално решавање на проблемите, подготовки и тестирање на нацрт-политика, усвојување на конечниот план и улогата на истражувањето на јавното мислење.
Од страна на ЛДП учествуваа членовите на ЦО на ЛДП Александар Ружин и Дино Радончиќ.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛИДЕМ: Благодарение на децениските погрешни политики, Скопје e втор најзагаден град во светот!

Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија ...