Средба на претседателот на ЛДП, Горан Милевски со премиерот на Луксембург, Хавиер Бетел

Милевски - БетелЗа време на вториот ден на конгресот на АЛДЕ – европските либерал-демократи, делегацијата на Либерално-демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, оствари бројни билатерални средби.

Меѓу останатите, Милевски оствари средба и со премиерот на Луксембург, земја која во моментов претседава со ЕУ,  г-динот Хавиер Бетел. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија, при што беше констатирано дека за надминување на политичката криза е неоходно целосно спроведување на договорот од Пржино, потишан со посредство на ЕУ, од страна на четирите политички партии.

Покрај ова Милевски оствари средби и со Елен Тране Норби, Министерка за прашања на деца, образование и родова еднаквост на Данска, Роџер Албинјана, министер за надворешни работи на Каталонија, како и со повеќе пратенци во Европскиот парламент од редовите на либерал-демократските партии од Европа.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Директорот на ДЗИ Станкоски заедно со Министерот Николовски на средба со винарските визби

Директорот на државниот земјоделскиот инспекторат Јане Станкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...